Skip to main content

Модерни и средени терористки

За терористките самоубијци кои сакаат да изгледаат убаво во својот никаб, Ал Каеда објави магазин за жени, полн со модни и џихад совети.

 |  Маја Савиќ  | 
burka
бурка

“Бидејќи половина од популацијата се жени, некој ќе рече дека всушност тие се популацијата, бидејќи ја раѓаат новата генерација. Непријателите на Исламот се трудат да ги држат муслиманките подалеку од вистината за религијата и нивната улога, бидејќи знаат што се случува кога жена ќе влезе во џихад”, пишува во воведот кон содржината.

Објавувањето на Al-Shamikha доаѓа 9 месеци по пуштањето на Inspire, онлајн магазинот на англиски јазик наменет за младите муслимани од Западот, чиј прв број вклучуваше статии од типот “Како да направиш бомба во кујната на мајка ти”.


{loadposition content9}