Талентираните мисици од Свитвотер
На традиционалниот фестивал на змии-звечарки во Свитвотер (Sweetwater) новата мисица ја презема тијарата (дијадемата) дури откако ќе покаже дека знае да ја пресече главата и да ја одере кожата на змија-звечарка.
И оваа година, мисицата Лени Валас мораше да ја одработи традиционалната задача. Нејзе, за разлика од поголем број читатели на текстов, тоа и претставуваше голема возбуда.
-Утре ќе ја отсечам главата и ќе ја одерам кожата на змијата. Многу сум возбудена заради тоа, изјави Валас пред „денот Д“.
И нејзината прва придружничка ќе има работа во овој невообичаен ритуал. Нејзината задача е да ја натопи раката во крвта на змијата и со неа да остави трага на ѕидот.
Во Свитвотер змиите масовно се убиваат, а од нивната кожа се прават паричници, торби и други предмети, отровот им се цеди, а месото се пече.
-Ова е начин на воспоставување контрола врз змиите во нашето подрачје, објаснува Дони Вилманм, еден од волонтерите во ритуалот. „Тие го касаат добитокот, животните, домашните миленичиња. Ги касаат дури и децата, и се многу сериозен проблем“, додаде тој.
{loadposition content9}