Skip to main content

Во Македонија нема зголемена радиоактивност

Институтот за јавно здравје на Република Македонија врши редовен мониторинг на радиоактивноста во животната средина на територијата на Македонија, согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.

 |  Маја Савиќ  | 
institut za JZ
Институт за ЈЗ
Институтот за јавно здравје на Република Македонија врши редовен мониторинг на радиоактивноста во животната средина на територијата на Македонија, согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.
Institut za JZ
Мониторингот на брзината  на амбиенталниот дозен еквивалент (доза на јонизирачко зрачење) се врши континуирано, 24 часа на 11 мерни места (станици) рамномерно распоредени на целата територија на Македонија. Дозата се мери во интервали од пет минути кои што на Институтот му  се веднаш достапни преку директни линкови.

Измирените вредности на амбиенталниот дозен еквивалент од станиците: Скопје, Дебар, Кичево, Крушево, Охрид, Битола, Велес, Неготино, Берово, Струмица и Гевгелија до објавување на соопштението   се наоѓаат во интервал од 0,107 (микро) ?Sv/h  до 0,182  (микро) ?Sv/h. Измерените вредности одговараат на природниот радијационен фон и не е забележано зголемување на нивото на радиоактивност.

Институот за јавно здравје на РМ ја следи континуирано состојбата на радиоактивноста во животната средина како дел од  редовните активности.

Институот за јавно здравје на РМ согласно законските овластувања ќе ги извести надлежните институции и јавноста ако варијацијата на амбиенталниот дозен еквивалент биде над природниот радијационен фон.

{loadposition content9}