Водителка на CNN се смеела додека зборувала за цунамито
Розмари Чурч одредено време ќе биде отстранета од тв програмата.
| Маја Савиќ | Свет
Розмари Чурч
Една од најпознатите водителки на CNN, Розмари Чурч направиле неопростлив гаф, во програма во живо, па поради тоа била суспендирана. Таа во текот на известувањето за трагедијата во Јапонија се смеела, ги прашувала јапонските соговорици дали имаат време за твитање и цунамито го споредила со Годзила.
Поради тоа, на адресата на CNN пристигнале голем број приговори за навредата на водителката, како и за нејзиното смеење, кое не било ни најмалку забавно.
Од CNN ја суспендирале волителката, а се погрижиле и видео доказот да се тргне од интернет, со оглед на тоа дека светските портали безуспешно ги повикуваат посетителите да им ја достават снимката ако ја поседуваат.
{loadposition content9}