Skip to main content

Ѓоковиќ триумфира на Индијан Велс

Популарниот Ноле стана првиот светски тенисер, кој сезоната ја започна со титули на Австралија Опен и на турнирите во Дубаи и Индијан Велс.

 |  Маја Савиќ  | 
gjokovic
Ѓоковиќ
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада првиот светски рекет Рафаел Надал во финалето на Индијан Велс со 2:1 во сетови. Ѓоковиќ со голем пресврт славеше со 4-6, 6-3 и 6-2 и ја продолжи својата неверојатна серија од 18 последователни победи, која ја започна уште од финалето на Дејвис купот во Белград во минатата година.

gjokovicПопуларниот Ноле стана првиот светски тенисер, кој сезоната ја започна со титули на Австралија Опен и на турнирите во Дубаи и Индијан Велс.

“Играм со голема самодоверба и го чувствувам топчето на теренот. Посветен сум на тенисот и имам голема желба да победам на секој натпревар. Сакам да продолжам да играм добар тенис”, изјави Ѓоковиќ, кој ќе се искачи на второто место на АТП листата пред Роџер Федерер.

За Ѓоковиќ ова е 21.титула во кариерата и шести освоен турнир од Мастерс серијата. Со триумфот освои 1.000 АТП бода и парична награда од 611.000 долари.

Во женска конкуренција славеше првата носителка Каролине Вознијацки од Данска, која беше подобра од Мерион Бартоли со 6-1, 2-6 и 6-3.
voznijacki

{loadposition content9}