Додека чекаме предвремени
Кој е најстариот занает на светот? Ако веднаш помисливте проституција ви треба ментална хигиена.
оптимист
Се расправале хирург, архитект и политичар кој е најстариот занает на светот. Хирургот вели: – Господ од реброто на Адам ја создал Ева. Очигледно тој бил првиот хирург и тоа многу умешен.
Архитектот го прекинал:
– Чекај малку сега, Господ ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се ти на самиот почеток, прво бил хаосот – па настанал редот. Кој би можел да го направи редот освен архитектот?
Видел – не видел, се вмешал и политичарот:
– Па добро луѓе, што мислите, кој го направил хаосот?
{loadposition content9}