Skip to main content

Не ги „занима“ ништо подалеку од носот

Ако по некоја случајност родените Американците мора да го решат официјалниот тест за државјанство што го решаваат имигрантите, скоро 40% од нив ќе треба да бидат депортирани од сопствената земја.

 |  Маја Савиќ  | 
american idiot
american idiot

Ако по некоја случајност родените Американците мора да го решат официјалниот тест за државјанство што го решаваат имигрантите, скоро 40% од нив ќе треба да бидат депортирани од сопствената земја.

JessicaКога неодамна Њузвик им го дал тестот на 1.000 случајно одбрани американски државјани, дури 29% од нив не му го знаеле името на потпретседателот, 73% немале поим зошто се водела Студената Војна, 44% не можеле да ја дефинираат Декларацијата за правата, додека 6% не знаеле кога се слави Денот на независноста.

Немојте да не сфатите погрешно, цивилното незнаење не е ништо ново. Но светот се менува и за жал, станува се понегостољубив за нељубопитните незнајковци, како нас”, пишува Ендрју Романо од Њузвик.

“Повеќе од 2 века Американците успешно се извлекуваат со своето непознавање на светот околу нив. Но, сега дојдоа други времиња, во кои цивилното незнаење е голем проблем. Изолацијата е во ред само за изолираните општества, но ние не смееме веќе да си ја гледаме само нашата работа”, коментира авторот.

“Еден професор по политички науки вели, кај нас проблемот не е во глупавоста, туку во незнаењето. Останува да видиме дали тоа е неизлечива болест или може да се лекува. Сепак, мислам дека е крајно време да почнеме да го бараме лекот”, ја завршува статијата Романо.

{loadposition content9}