Сумосуицидна амбиција
Кели Гнитинг од Аризона, американски трикратен сумо шампион стана првиот човек во историјата кој претрчал маратон со цели 180 килограми. Времето? Неважно.
Кели Гнитинг
Кели Гнитинг од Аризона, американски трикратен сумо шампион стана првиот човек во историјата кој претрчал маратон со цели 180 килограми. Времето? Неважно.
Иако е тежок 182 килограми, ова не беше пречка за Кели да го истрча маратонот во Лос Анџелес и да се запише во Гинисовата книга на рекорди како најтешкиот човек кој било кога успеал да заврши трка долга 42 километри.
На целта стигна за 9 часа, 48 минути и 52 секунди, според LA Times. Како што рековме, неважно.
Гнитинг вели дека никогаш не се ни сомневал дека ќе ја заврши трката: „Искрено, мислам дека сум еден од најдобрите спортисти во светот“, пренесува LA Times.
Наредна цел: препливување на Ла Манш.
{loadposition content9}