Skip to main content

Кога се сака се` се може

Околу 540 млади од Струга, од различни мултиетнички групи, едуцирани во која насока треба да се движи соживотот и толеранцијата меѓу нив.

 |  Билјана Николоска  | 
proekt
проект

proektЗаврши реализацијата на шест месечниот проект „Разликите се наша предност“. Невладиниот сектор од Струга, го обели образот на општината и се издвои како добар пример на ова поле. Изминатиов период НВО „Езерка“ во соработка со Здруженијата „Толеранца“ и  „Пунте“, покажаа како може во мултиетничките средини како што е тоа општина Струга да се постигне добра соработка и толеранција, секако со работа, вели Елена Грозданова од Министерството за труд и социјална политика.

Драгица Павлеска Попеска, од НВО „Езерка“, задоволна од сработеното смета дека овој проект треба да продолжи и понатаму. Таа потенцира дека насловот на денешната тема „Меѓуетничка, меѓуверска и културна толеранција е единствен начин за заедничко живеење“, кажува повеќе од се.

Башким Мислими од албанското здружение „Толеранца“, го потенцира значењето на медиумското следење на реализација на проектот „Разликите се наша предност“. Според него објективното информирање во многу допринело, стружани да имаат јасна слика и препорака дека соживотот е во рацете на младите, а тие се на добар пат.

Секој крај е нов почеток, изјави донаторот на средствата за овој проект, Анита Дамјаноска од УНДП. Таа потенцира дека чест е да се согледаат првичните резултати од сработеното за да се даде виза за понатаму.

Учесниците, децата од различните верски припадности и денеска седнаа на иста маса со претставниците од сите релевантни институции, кои се засегнати со проблематиката за подобрување на мултиетничкиот соживот. Тие благодарение на овој проект скоро секој ден се среќавале на кафе муабет низ струшките кафулиња, споделувајќи ја нивната пракса и со останатите деца. Во период од 6 месеци, преку 20 работилници тие практично ги осознаа разликите и сличностите на многу полиња од јавниот и општествениот живот, вклучувајќи ја тука и религијата.

{loadposition content9}