Струшката чаршијата ќе се ревитализира
Одамна уништената гордост на градот, чаршијата, во рацете на локалните моќници. Стружани не знаат каков е планот на локалната, но стравуваат дека што и да се стави на местото на сегашниот камен, машинеријата која секојдневно ја гази чаршијата се ќе уништи.
Јово на ново. После повеќе од 30 години ќе се ревитализира струшката чаршија и двата кеја на реката Црн. Дрим. Познатата струшка чаршија за која се испеани многу староградски песни, стана жртва на промена на разни времиња, култури, мислења а во последно време и на лични интереси. Надлежните очигледно се немоќни пред набрзата експанзија на дивоградби, кои преку ноќ го нагрдија некогашниот изглед на оваа ретко културно историско наследство. На последната седница на струшкиот совет советниците се согласија за оваа предлог одлука, но граѓаните, затекнати.
Не бледеат сеќавањата на старите стружни за нејзиниот некогашен изглед. Била препознатлива по старите дуќани со преубави дрвени ќепенци, за да денес личи на пластичарска улица, тажно раскажува Сотир Опетчески, добар познавач на некогашните прилики во градот.
Опетчески вели дека подраматична е состојбата околу изведбата и работните активности на чаршијата која се препушта на странци, иако нашите мајстори од Дримколскиот крај се едни од најпознатите мајстори со традиција, во Европа, додава тој. Но личните интереси на поединци испаднаа појаки од се, вели Опетчески.
На стружани добро им е познато кој е главниот виновник за се што му се случува на градот, но не сакаа да коментираат пред нашата камера. Тие накусо појаснија дека треба да се внимава за секој кажан збор во градот. Бидејќи не ретко во Струга, алтернативен начин на комуникација е звукот на пиштолите и калашниковите.
{loadposition content9}