Skip to main content

Црвенковски и Милошоски во Њујорк

Висока државно владина делегација на Македонија денеска треба да замине за Њујорк на 63 Генерално собрание на ОН што започнува на 23 септември.

Висока државно владина делегација на Македонија денеска треба да замине за Њујорк на 63 Генерално собрание на ОН што започнува на 23 септември.
            
Според најавите, шефот на државата Бранко Црвенковски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски во Њујорк ќе имаат интензивни дипломатски активности за прашањето за името.
            
Предвидено е Црвенковски да има средби со медијаторот Метју Нимиц, со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и со претставници на американскиот Стејт департмент.
            
Атинските медиуми објавија синоќа дека Милошоски и неговата грчка колешка Дора Бакојани ќе имаат средба на маргините на Генералното собрание на ОН.

Милошоски и Бакојани имале кратка средба во четвртокот во Париз и се договориле за директни разговори идната недела во Њујорк.
            
Branko CrvenkoskiПред закажаните средби, државно владиниот врв во Скопје не ги одржа вообичаените консултации и не изгради единствен став во врска со последниот пакет идеи на Нимиц.
            
Црвенковски деновиве соопшти дека „во последните предлози може да се констатира поголемо разбирање за некои од битните прашања за позициите на Македонија”.
            
Премиерот Никола Груевски досега не излезе со оценки за предлозите на медијаторот.
            
Скопската телевизија Алфа, повикувајќи се на дипломатски извори, наведе дека американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на 23 септември ќе претстави план за решавање на прашањето за името во присуство на Милошоски и Бакојани.
            
Според истиот извор, американскиот план на 24 септември ќе биде претставен во Советот за безбедност на Обединетите нации.