Фотоапарат кој ве разубавува
Јапонската компанија Panasonic претстави фотоапарат кој поседува функција наречена “Beauty Retouch”, со чија помош може да ги избелите забите и да ги сокриете брчките.
Фотоапаратот Panasonic Lumix DMC-FP7 поседува софтвер кој овозможува додавање на шминка на лицето на фотографираните луѓе, може да ги испегла брчките и да ги направи забите бели. Исто така, можете да го одредите степенот на “разубавување” на лицето на фотографијата.
Мејкап опцијата овозможува додавање на боја и тонови, а можно е додавање и на кармин и руменило на лицето. Покрај разубавувањето, можете лицето кое што е фотографирано да го направите и застрашувачко, слично на зомбите од филмовите.
Најдобар резултат се постигнува со користење на естетската опција, по која лицето ќе изгледа помладо и поубаво.
{loadposition content9}