И во Финска веќе не се толку фини
Колку пати сте помислиле дека животот би ви бил совршен доколку се родевте на пример во Финска.
дисциплина
Персоналот од една градинка во финскиот главен град Хелсинки ги залепила со селотејп неколкуте немирни деца за столови и маси, се со цел да се „создаде мир“ за време на оброците.
Шефот на градинката сега е обвинет за службена грешка, а две од вработените негувателки се обвинети за физичко малтретирање, пишува финскиот дневен весник „Хелсингин саномат“ на својот веб-сајт.
Според полициската истрага, деца на возраст од две до три години најмалку два пати биле лепени со селотејп за столчиња, или за маса. Градинката била пријавена во полиција од страна на родителите на децата.
{loadposition content9}