Skip to main content

Зошто мажите ги сакаат жените во црвено?

Црвената боја ги прави жените попривлечни во очите на мажите, за разлика, на пример од сината која делува сосема спротивно, покажале резултатите од едно истражување објавено во “Journal of Personality and Social Psychology”.

 |  Maja Савиќ  | 
film Црвената боја ги прави жените попривлечни во очите на мажите, за разлика, на пример од сината која делува сосема спротивно, покажале резултатите од едно истражување објавено во “Journal of Personality and Social Psychology”.

Истражувачите формирале поголема група мажи на различна возраст, различни професии и финансиска моќ. Потоа им давале фотографии од жени облечени во различни бои при што им поставувале прашања од типот: Дали би излегле на состанок со оваа жена? Колку сте спремни да издвоите пари за состанок со оваа жена? Дали би и предложиле брак? и слично.

Резултатите покажале дека црвената боја ги парви жените поатрактивни и посакувани и мажите се спремни да потрошат повеќе пари на такви жени но…. внимавајте….не би се ожениле со таква.

eva mendes

Истражувачите заклучиле дека приматите потсвесно  ги привлекува црвената боја затоа што делува како афродизијак, но кога станува збор за брак и семејство веднаш се уклучува разумот. (Или барем така се надеваат припадничките на понежниот пол кои не би ја облекле црвената боја за ништо на овој свет)
Eva Mendes

{loadposition content9}