Skip to main content

Струшките мајки и деца први на истражувачката листа на УНИЦЕФ

Започнува глобалното истражување на УНИЦЕФ за состојбата на жената и децата во општествениот систем на земјава. Ова истражување се изведува во 50 земји во светот, по идентична методологија.

 |  Билјана Николоска  | 
rabotilnica
работилница

Македонското истражување на УНИЦЕФ започнува од Струга. Состојбата на жената и децата во државата ќе се анализира од аспект на  сите социјални модели. Станува збор за глобално истражување, кое УНИЦЕФ го поддржува и во нашата замја, а се спроведува во 50 земји во светот. Истражување од ваков карактер се изведува во петтогодишни циклуси, што значи, последните податоци од ваков карактер се од 2006 година. Зоран Стојанов од УНИЦЕФ вели дека податоците на национално ниво ја прикажуваат состојбата на жената и децата како добра, но доколку длабински се пристапи кон ова истражување, сликата е сосема поинаква. Тој додава дека тоа посебно е изразено во руралните и етничките средини.

Според добиените резултати, во македонските домаќинства има семејно насилство. Но, интересен е податокот што жените се согласуваат со тоа, односно, мислат дека мажот има право на тоа, вели Стојанов.

rabotilnicaЗа имплементација на истражувањето, за нашата земја, задолжени се од ИПСО Стратеџик пулс. Директорот на ИПСО Ѓорѓи Митревски, вели дека се наоѓаат пред истражувачка постапка на обемен проект, за којшто веќе имале репрезентативен примерок од 5. 600 домаќинства и очекуваат да се потполнат 20.000 прашалници. Првите 200 прашалници веќе се подготвени за стружани.

Стружани први ќе ја видат реализацијата на ова истражување. Како што информираат од ИПСО, нашата земја ќе ја покриваат 120 соработници кои се  теренски организирани во тимови. Тие очекуваат соработка од македонската популација. Она што треба јавноста да го знае, е тоа дека соработниците ќе пристапуваат до домаќинствата со брендирани ознаки на УНИЦЕФ и уверуваат дека дискреционото право ќе биде загарантирано.

 {loadposition content9}