Книги кои би можеле да гo променат погледот на Христијанството
Книгите се пронајдени, пренесува BBC, во зафрлена пештера во северниот дел на Јордан некаде помеѓу 2005 и 2007 година. Според една тероија, за се е „виновна“ поплавата по која во пештерата се откриле две ниши од кои на едната била изрезбено светилник, древен симбол на евреите. Книгите ги пронашол бедуин, а јорданската влада тврди дека во земјата ги прокриумчарил друг бедуин. Но, бедуинот во кој се книгите моментално одрекува дека ги прокриумчарил и вели дека се во неговото семејство веќе 100 години.
Директорот на Заводот за антиквитети во Јордан, Зиад ал Саад мисли дека книгите можеби ги напишале следбениците на Христос и тоа неколку декади по распнувањето. „Станува збор за документи за кои би можело да се воспостави дека се многу позначајни од Свитоците од Црно море. Почетните информации за содржината се многу охрабрувачки и се наоѓаме пред големо откритие, можеби едно од најважните во историјата на археологијата“, рече ал Саад.
Книгите првобитно биле врежани во олово и страниците биле поврзани со оловни прстени. Страниците се со големина на кредитна картичка, текстот е пишуван на древен хебрејски јазик и поголемиот дел е шифриран. Важноста на откритието е дотолку поголема доколку навистина се работи за потеклото на христијанството, а не на еврејството. Еден од ретките кои во живо ги видел книгите е професорот по древна археологија, кој го води британскиот тим во настојувањата книгите да ги смести во сигурност на јорданскиот музеј, Дејвид Елкингтон.
„Ова би можело да биде едно од најважните откритија во историјата на христијанството и го одзема здивот фактот дека во рацете сте држеле предмет кој некогаш одамна го држел некој светец“, рече Елкингтон кој верува дека книгата навистина зборува за раните почетоци на христијанството, поради сликата на корицата и содржината на првите неколку страници. Имено, сликите прикажуваат личност за која се претпоставува дека е Исус во присуство на Бог.
На насловната страница на една книга се појавува светилник со седум краци, симбол на еверјството кој во тоа време бил забранет да се прикажува затоа што смеел да се наоѓа само во храмовите во присутност на Бог. Поради тој факт Елкингтон смета дека книгите зборуваат за враќањето на Месијата. Дали книгата навистина е поврзана со Библијата, зборува и преводот на еден дел од содржината каде со приказ на менорах стои „ќе одам возвишено“, реченица која се појавува во Битието.
Како и да е, времето ќе покаже за што всушност се работи, но без оглед исходот, навистина станува збор за едно големо откритие од периодот на раното христијанство.
{loadposition content9}