Седум ореви дневно за подобро здравје
Резултатите од најновите истражувања во САД откриваат дека оревите се екстремно корисни во борбата против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.
ореви
Резултатите од најновите истражувања во САД откриваат дека оревите се екстремно корисни во борбата против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките, и дека се корисни од било кое друго коскесто овошје, пренесува Indipendent.
Оревите содржат голема количина од антиоксидансот полифенол, кој ги стабилизира слободните радикали и спречува тие да направат хаос во нашите клетки.
– Тие имаат скоро двојно повеќе полифенол отколку бадемите, кикириките, ф’стаците или некое друго коскесто овошје. Меѓутоа луѓето за жал не ги консумираат доволно, вели Џон Винсон, професор по хемија и препорачува секој ден да јадеме по седум ореви.
{loadposition content9}