Адел ја надмина и Мадона
Албумот “21” на пејачката со прекрасен глас Адел, со цели 10 недели на првото место, вчера го надмина рекордот на Мадона за најдолго “владеење” на топ листата за женски соло артист.
Адел која е родена во Лондон, веќе го помина, со една недела подолго задржување на листата, албумот со најголемите хитови на Мадона, “The Immaculate Collection”, кој доминираше девет недели на топ листите во 1990 година.
Но, ова не е прв пат Адел да се искачи до врвот на листите. Нејзиниот деби албум “19” беше втор на топ листата на албуми, поминувајќи ги Рејдиохед, Бритни Спирс и Мери Бурн.
Како и да е, трката се уште не е завршена – Адел треба уште многу да помине за го собори рекордот во најдолго доминирање на листите.
Имено, оригиналниот саундтрак на “South Pacific” помина 70 недели на врвот на UK топ листата и тоа од ноември 1958 година, до март 1960 година, додека “Please Please Me” на Битлси е втор со 30 недели поминати на врвот во 1963 година.
За жал, неповторливиот хит сингл на Адел “Someone Like You” не успеа да се искачи на врвот на листата на синглови, откако беше соборен од врвот од страна на “On The Floor” на Џеј Ло.
{loadposition content9}