Како да паднат бариерите во мултиетничките средини?
Како да се паднат мултиетничките бариери помеѓу младите, во средини каде и ученичките екскурзии се организираат одвоено? Шелдон Јет, претставник на детскиот фонд на Обединетите нации, UNICEF, кажа дека активностите во младинските центри се вистинска можност за младите да ги развијат неопходните вештини кои пак, се неопходни за целосно учество во мултикултурни заедници, каква што е и Струга.
Станува збор за имплементација на проекти кои тешко може да се реалзиираат изолирано, без помош од Локланата самоуправа. Посебно тешка е нивната имплементација во период на предизборие, кога политичките партии ги користат етничките тензии за свои цели, вели директорката на имплементаторот на проектот ФОРУМ ЗФД, Силке Мајер Вит.
Инаку, станува збор за отварање на Младински центар во Струга кој ќе претставува дел од проектот „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“, финансиран од Шпанската влада преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели. Амбасадорот на Шпанија во Македонија Фернандо Де Галаинена, потенцира дека овој центар е само еден од чекорите на Македонија кон ЕУ.
Што се однесува до моменталната ситуација со етничките тензии во Струга, кои речиси секогаш ескалираат пред избори, таа во моментов е под контрола. Помошник директорот на СОУ „Ибраим Темо“, Столеска Соња, вели дека ваквите проекти во голема мерка помагаат во подобрувањето на мултиетничките односи кај младите.
Отоврањето на двата вакви центри во Струга и Кичево е одговор на загрижувачките трендови на етничка и јазична поделба. Исто така нивна цел е зајакнување на односите помеѓу заедниците и развој на младите во општеството преку креативни активности како дел од целите на проектот.
{loadposition content9}