Зошто мажите се женат со кучки?
Некои жени се навистина добри, а на крајот завршуваат како најочајни самци бидејќи немаат среќа со мажите. Зошто е тоа така објаснила авторката на книгата “Зошто мажите се женат со кучки?”
Во секоја врска чувствувате дека среќата полека ве напушта? Имате работа со мажи кои не сакаат да се врзат? Сопругот ве третира како цимерка?
Шерил Аргов, авторка на книгата “Зошто мажите се женат со кучки?” тврди дека проблемот е кај оние жени кои се предобри, па можеби време е да почнат да се однесуваат како кучки.
Стотината мажи кои ги анкетирала се согласиле со едно нешто – сите тие сакаат жена која е сигурна во сопствениот идентитет. Потоа тука се жените кои ќе им остават приватен простор и оние кои ќе сакаат да бидат само со нив.
“Мажите обожаваат жени кои се полни со самодоверба, кои се силни и имаат сопствени сонови. За нив не постои ништо поатрактивно од жена која има достоинство и гордост и токму затоа не се женат со такви кои немаат свое јас” – им порачала Шерил на сите очајни жени.
За таквото однесување големо влијание имаат воспитувањето, мајчините совети и разните тактики за освојување во магазините.
Прв мит – Мораш да бидеш совршена. Но, тој не се жени со совршена жена, туку со жена која ќе му биде интересна.
Втор мит – Мораш да бидеш негова сексуална играчка. Жените мислат дека сексот е единствениот начин за да стигнат до машкото срце, но сепак тоа е само една голема заблуда.
Трет мит – Мораш да бидеш тоа што тој посакува да бидеш. Доколку некој маж ве сака, тој ќе сака подобро да ве запознае, за да дознае како да ве направи посреќна.
{loadposition content9}