Skip to main content

На чекор до пресуда

Заврши доказната постапка за кривично правниот настан за убиството на Џемаил Исмаили. Пресудата ќе биде објавена за два дена на 8 ми април годинава.

 |  Билјана Николоска  | 
ubistvo
убиство

dzemailiДенеска во Основниот суд во Струга, со изјавата на Др Панде Видиноски, вештакот од психијатриското одделние од Скопје, се заокружи доказната постапка на кривично правниот настан за убиството на Џемаил Исмаили. Завршни зборови имаа обвинителот Никола Неделкоски, бранителот на оштетениот Димитрија Цобоски и бранителот на обвинетиот Емил Балабан.

Според обвинителот Неделкоски, изнесените докази во постапката кажуваат дека обвинетиот ги сторил трите кривични дела за кои се терети и тоа со умисла го лишил од живот Џемаил Исмаили, се обидел да го лиши од живот неговиот син Мефаил Исмаили и недозволено поседувал пиштол марка ФЕГРА-63 „Макаров“. Неделкоски рече дека обвинетиот бил пресметлив во моментот на критичниот мимент и делото не го направил во афект. Обвинителот од судскиот совет побара обвинетиот да биде прогласен за виновен и да му се одреди кривична санкција согласно законот, бидејќи се работи за кривично дело од потежок вид и голем степен на општествена опасност, поради лишење од живот без посебна причина и повод. Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили очекува обвинетиот да се огласи за виновен и да ја добие казната согласно законот.

Пресуда за овој случај ќе има, смета адвокатот на обвинетиот, Џемаил Асани, Емил Балабан. Според Балабан сомнежот и нападот од страна на оштетените е причина и мотив за стореното кривично дело. Балабан смета дека судот за овој кривично правен настан не навлегол доволно во разгледување на фактичката состојба и дека доказите се изведувале селективно.

Обвинетиот Џемаил Асани на крај рече дека не сакал да повреди никого само сакал да се одбрани. Како што веќе е познато на 30. 08 минатата година на раскрсницата на магистралниот пат Струга – Ќафасан со регионалниот пат Струга – Дебар беше убиен Џемаил Исмаили, а неговиот син Мефаил беше тешко ранет. Судечкиот судија Живко Аврамоски најави дека пресудата за овој кривично правен настан ќе биде објавена за 2 дена поточно на 08.04 во 15 часот.

 {loadposition content9}