Skip to main content

Тошиба се понуди да ја демонтира нуклеарката Фукушима

Јапонскиот конгломерат „Тошиба“ и предложи на Владата и на „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) да ја демонтира оштетената нуклеарна централа „Фукушима“ до 2020 година.

 |  Маја Савиќ  | 
toshiba
toshiba
Јапонскиот конгломерат „Тошиба“ и предложи на Владата и на „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) да ја демонтира оштетената нуклеарна централа „Фукушима“ до 2020 година.
Toshiba
Предлогот е даден заеднички од три компании – Вестингхаус електрик, која е дел на Тошиба за дејности во нуклеарниот сектор, Бабкок енд Вилкокс, која произведува опрема за атомски централи, и Шоу груп, која пак се занимава со дизајн на атомски централи, објави јапонскиот весник „Никеи“.

Трите компании веќе имаат искуство со ваква операција.

Во предлогот детално се опишуваат чекорите и технологиите, неопходни за вадење и транспортирање на прачките со нуклеарно гориво од четири од шесте реактори на „Фукушима“, како и начини за демонтирање на оштетените згради без да се причинат вторични штети, контрола на нивото на радијација и укинување на остатоците.
{loadposition content9}