Skip to main content

ДУИ ги манипулира гласовите на албанците

ДПА од Струга, реагираа во врска тенденцијата на ДУИ за манипулација на албанскиот глас во име на наводното албанско единство во Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
malik shemshedini
Малиќ Шемшедини

ДУИ е во клиничка смрт. Мерко само се обидува да ја спаси. Струшкиот огранок на ДПА, со здружени сили на ограноците на ДПА на Пелагонискиот регион изразија вознемиреност во врска манипулацијата со гласовите на Албанците. Малиќ Шемшедини, претседател на огранок на Преспанскиот регион, рече дека основните вредности на демократијата се изгубени и тоа било, ни помалку, ни повеќе, туку само конкурентност на политичките опции. Тој предупреди дека албанска нација има насекаде, не само во Струга.

Шемшедини во кратки црти спомна дел од пропустите на ДУИ, посебно во градовите каде што според него албанците немаат никакви права, како што е тоа Битола, Охрид и Прилеп. Тој додава дека и Струга не е подолу од нив.

Шемшедини рече дека на албанското население во Струга не му преостанува ништо друго, освен, да се придружи на политичката понуда на ДПА, како единствен субјект кој ги обединува албанците. Но тој не појасни како тие би се однесувале доколку им се даде мандат за тоа.

{loadposition content9}