Skip to main content

Австријците не сакаат пауза на работа

Австријците  не сакаат да користат пауза додека се на работното место, покажало истражување на  Институтот за јавно мислење ИМАС од  Линц.

 |   | 
bez pauza
нема пауза
bez pauzaАвстријците  не сакаат да користат пауза додека се на работното место, покажало истражување на  Институтот за јавно мислење ИМАС од  Линц.

Со истражувањето  направено по налог на Синдикатот на вработените во приватниот сектор, утврдено е дека дури 15 отсто од испитаниците не ни сакаат да предвидат како би изгледало да се прекинува нивното работно време,  а 23 отсто изјавиле дека само понекогаш користат  пауза.

Во Австрија од правен аспект, право на пола час пауза имаат само оние кои работат шест или над шест часа.

kancelarijaРаботодавецот не е должен да им ја плаќа паузата на вработените, но е должен да им одвои половина час за одмор.

“Најлоши“, кога станува збор за користење пауза се вработените во здравствените институции.

Од здравствените работници 27 отсто од вкупно 500 анкетирани, наведуваат дека воопшто не користат пауза, додека 33 отсто го прекинуваат работното време на најмногу половина час.

Истражувањето  покажало дека подолгата пауза директно влијае на опаѓањето на работниот елан, па по тоа може да се заклучи дека Австријците  се вредни работници кои не сакаат да забушаваат во работата.

{loadposition content9}