Македонците не се сметаат за дебели
Македонците се задоволни од својата телесна тежина, ручекот останува нивни главен оброк, а диети не практикуваат многу често, освен кога постат.
| | Македонија
дебелина
Македонците се задоволни од својата телесна тежина, ручекот останува нивни главен оброк, а диети не практикуваат многу често, освен кога постат.
Ова го покажува истражувањето за начинот на исхрана спроведено од ГФК Групацијата.
Три четвртини од испитаниците изјавиле дека ручекот за нив претставува главен оброк во текот на работната недела, што претставува благ пораст во однос на истражувањето во 2009.
Според ГФК, ова можеби се должи на се подинамичниот живот кај македонските граѓани како и на нивната амбиција за проевропски начин на живот, каде што фокусот е ставен на еден главен оброк во текот на денот за време на работната недела.
„Спротивно на ова, забележано е опаѓање на процентот на граѓани кај коишто доручекот е главен оброк. Имено 17% од испитаниците изјавиле дека доручекот е нивен главен оброк во текот на денот наспроти 21% од испитаниците кои се изјасниле така во 2009“ се вели во истражувањето.
Забележлив е и порастот на ручекот како главен оброк за време на викендите, кој веројатно е последица на тоа што сите работни обврски во текот на работната недела не дозволуваат доволно време за обавување на семејни активности, па викендите и ручекот главно се резервирани за семејството.
Македонците се генерално задоволни од својата тежина. Повеќе од половината испитаници (55%) се изјасниле дека сакаат да ја задржат својата моментална телесна тежина.
Граѓаните на Македонија не практикуваат специјален режим на исхрана освен кога постат.
Истражувањето за начинот на исхрана е дел од GfK Omnibus истражувањето што се спроведува континуирано секоја година во април. GfK Групацијата е една од меѓународните компании за истражување на пазарот.

{loadposition content9}