Skip to main content

За Велигденските празници тротоарите на Туристичка ќе останат раскопани

Неколку недели по завршувањето на градежните работи на дел од тротоарот на Буелевар Туристичка, просторот е оставен недовршен.

 |  Валентина Нелоска  | 
Iskopan trotoar
ископан тротоар

Iskopan trotoarНеколку недели по завршувањето на градежните работи на дел од тротоарот на Буелевар Туристичка, просторот е оставен недовршен. Тротоарот е раскопан и прекриен со прашина и им смета на пешаците. Од општинскиот инспекторат нагласуваат дека инвеститорот по завршувањето на работите има обрска во одреден рок  да го врати тротоарот во првобитна положба. Крајниот рок бил до 30 март, но се доцни со афлатирањето. „ Доколку инвеститорот не ја исполни  својата законска обврска може да заработи казна од 2000 евра, истакнува Танас Танаскоски од општинскиот инспекторат“.

На потег од двете страни на Булеварот, Телеком, поставува оптички кабел во должина од 3 км. Поставувањето на овој кабел е во интерес на граѓаните,  информираат од таму. Ќе ги подобрат услугите за граѓаните да добијат поквалитетна интернет услуга и телевизиски прием. Добро знаат за својата законска обврска тротоарот да го санираат, но со работите доцнат. Се правдаат на  асфалтните бази,  ќе чекале деновиве да проработат. Од Телеком информираат дека асфалт нема да  попостават за Велигденските празници. Троторите ќе ги поправат дури за престојните Првомајски празници.

Со градежните работи ќе завршат до крајот на мај, а потоа ќе ги стопираат  понатамошните работи се до крајот на август. Од септември ќе продолжат со поставување на оптички кабел во населбата Христо Узунов.

 {loadposition content9}