Вис Пој конечно до трофејот на Велигденскиот турнир во мал фудбал
Големиот Велигденски турнир во мал фудбал го доби својот епилог. Во последниот натпревар од овој турнир се сретнаа екипите на Вис Пој и Бекче. Резултатски овој натпревар далеку од неизвесен. Со конечен скор од 6 спрема 1 екипата на Вис Пој ја совлада екипата на Бекче и во своето трето финале, конечно стигна до долго посакуваниот трофеј. Двете екипи групната фаза ја минаа со потполно ист успех. И двете екипи завршија на првата позиција во групата, со максимални 9 бода и со идентичен скор од 8 дадени и 5 примени гола. Во осминафиналето ги совладаа екипите на Сатеска со 3 спрема 1 односно Ротари клуб со 3 спрема 2. Во полуфиналето Вис пој со 4 спрема 2 славеше над Џале турс, додека Бекче по пенал серијата поуспешен од Ремис со 3 спрема 2.
Во натпреварот за третото место Дисконт Царовски во пенал рулетот го совлада тимот на Ликвид со 3 спрема 2. Како најдобар играч на турнирот беше прогласен Мишко Ѓорѓиески од тимот на Вис Пој, најдобар голман беше Петровски од освојувачот на третото место, Дисконт Царевски. Најдобар стрелец на турнирот беше нашиот екс-репрезентативец Артим Шаќири додека за фер плеј екипа беше избран тимот на Ремис.
Турнирот започна на 5ти Април и во него се натпреваруваа 24 екипи во 6 групи со што ова е едно од најмасовните фудбалски натпреварувања во земјава.
{loadposition content9}