Усвоена декларацијата за Дримскиот басен
Oваа декларација беше усвоена на на неодамнешната Регионалната министерска конференција за интегрирано управување со речни сливови, од страна на петте држави низ кои се протега Басенот, односно, Македонија,Албанија, Косово,Црна Гора и Грција. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за води вели дека станува збор за силна политичка подршка кон процес кој со години се води, процес кој ќе претставува олеснителна околност при добивањето на главниот проект преку Глобалниот еколошки фонд.
Сега сите овие пет држави застануваат зад управувањето со еден басен, во еден многу критичен период за него, вели Паноски. Не смее да се занемари важноста на реката Дрим, не само од аспект на нејзиното влијание врз квантитетот на водата во Охридското езеро, туку и социјалното и економското влијаните кое делтата на оваа река го има во Албанија и секако нејзините енергетски потенцијали. Она што би сакале да видиме, потенцира Паноски е еден процес на одржлив развој на целокупниот регион и можности дури и за негова и туристичка експлоатација во периодот кој е пред нас.
{loadposition content9}