Skip to main content

Мажите сакаат повозрасни жени со облини

Пристигна демант на мислењето дека мажите сакаат слаби, манекенски градени девојки. Демантот е во облик на книга „A Billion Wicked Thoughts“ а фантазијата на мажите е во облик на: ем постара, ем искусна, ем полничка.

 |  Маја Савиќ  | 
bucka
буцка

buckaИстражувањето, објавено во книгата „A Billion Wicked Thoughts“, вели дека сексуалните желби на луѓето со годините станаа многу поегзотични. Мажите се повеќе заинтересирани за постари, поискусни жени со облини.

Мажите доста често пребаруваат еротски слики од жени во 40-тите, 50-тите и 60-тите години, а кога станува збор за тежината, многу повеќе ги возбудуваат жени со прекумерна тежина, отколку преслаби жени.

Авторот на книгата,  др. Оги Огас вели: „И жените доста често ги посетуваат еротските сајтови и понекогаш се подготвени да платат за да погледнат некоја фотографија или видео, но тие исто така после тоа сакаат да поразговараат за виденото/прочитаното со своите пријателки“.

Др. Огус исто така вели дека машките сексуални интереси не се менуваат многу низ животот, и е многу веројатно дека сексуалните интереси ќе му бидат исти и на 25-годишното момче и на 75-годишниот старец, подоцна во животот.
lovers
За разлика од мажите, женската сексуалност е многу пофлексибилна и променлива. Таа зависи и се менува во текот на нејзиниот живот, низ сезоните, па дури и за време на месечниот циклус. Сексуалните интереси на 25-годишната жена, може да се сосем различни кога таа ќе наполни 45.

{loadposition content9}