Skip to main content

ССМ бара минималната плата да биде над 160 евра

Работно одбележувањето на денот на трудот 1 Мај со отпочнување на кампања за утврдување на минимална плата во државата, која не би требало да биде под 160 евра, најави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

 |   | 
presmetka
пресметка
Работно одбележувањето на денот на трудот 1 Мај со отпочнување на кампања за утврдување на минимална плата во државата, која не би требало да биде под 160 евра, најави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

SSM Poster„Наша проценка е дека многу подобро е да одиме со една ваква иницијатива, отколку демагошки да одиме по улици. Сметаме дека ова е многу поконкретна содржина и поприфатлива за работниците, отколку со неколку луѓе да прошетаме низ улиците “, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески.

Според него минималната плата би требало да биде над 160 евра, оценувајќи дека би било беспредметно да се разговара под таа сума.

Според податоците на ССМ, минималната плата во Словенија е утврдена на 599 евра, во Хрватска 380 евра, во Србија 160 евра, слично е и во Црна Гора и Романија, додека минималната плата во Бугарија изнесува 123 евра.


{loadposition content9}