Skip to main content

Југозападниот плански регион, со резултати

Денес во струшкиот хотел „Дрим“, се одржа завршната манифестација, по повод успешно реализираните проекти, „Студија за решавањ на проблемот со отпадни води“ и „ Промоција на земјоделски и млечни продукти“.

 |  Билјана Николоска  | 
Musa dazferi
Муса Џафери

Успешна реализација на регионални проекти. Во присуство на министерот за Локална самоуправа Муса Џафери и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во Струга се одржа завршната манифестација за два успешно реализирани проекти. Станува збор за „Студија за решавањ на проблемот со отпадни води“ и „ Промоција на земјоделски и млечни продукти“. Министерот Џафери најпрво искажа голема благодарност што бил удостоен да учествува на еден вака голем повод. Тој рече, дека основната цел на регионалниот развој на планските региони е да се подигне нивото на сите чинители на можностите што се нудат за подршка на регионални проекти, а кои се имплементираат преку централите за развој. Џафери дециден дека државата континуирано ќе обезбедува финансиска подршка за таа цел.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, кој исто така беше почесен гостин на завршната манифестација по повод успешна реализација на проекти од југозападниот плански регион, ја истакна важноста на мобилните лабаратории за вршење на педолошки и агрохемиски анализи на почвата. Тој потенцира дека засега интересот за тоа е мал.

jugozapaden planski regionДомаќинот и претседател на Југозападниот плански регион, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, ја пренесе реалната слика за застапеноста на финансиите во регионот. Тој смета дека регионите треба да имаат комплетен увид каде одат средствата наменети за нивни развој. Мерко додаде дека така треба да биде за да се спроведе успешна децентрализација.

На оваа завршна манифестација не присуствуваше градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Покрај говорите на релевантните претставници за југозападниот плански регион, програмата беше збогатена со културно уметничка програма на играорни групи на македонци и албанци. Исто така се вршеше дегустација на храна од органско потекло, бидејќи имаше штандови со промоција на земјоделски и млечни производи. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на општините, Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод им подати мобилни лабаратории за испитување на почвата.


{loadposition content9}