Skip to main content

Матурски стајлинг

Започнуваат матурските главоболки. Родителите ги чувствуваат првите симптоми во регијата околу паричниците и банкарските сметки а матурантите….нив ништо не им се погодува.

 |  Маја Савиќ  | 
stereotip
стереотип
Emporio Armani freeЗапочнуваат матурските главоболки. Родителите ги чувствуваат првите симптоми во регијата околу паричниците и банкарските сметки а матурантите….нив ништо не им се погодува.
Ова е период кога во училишните тетратки има повеќе скици на фустани отколку задачи. Во ташните има повеќе модни списанија од учебници.
Матурската вечер е многу важен настан во животот и затоа големо внимание се посветува на облеката, телото, шминката, и фризурата. Изборот треба да го следи карактерот на личноста.
Основно правило: бидете свои. Ако не ве препознаат соучениците, сериозно сте погрешиле.
„Индивидуалноста започнува каде што споредбата завршува“-Крал Лагерфилд.
Што би значело, не копирајте туѓ имиџ, дали е тоа некој славен актер/актерка, пејачи, манекенки и слично. Не следете ги слепо трендовите, она што е „во мода“ не значи дека и вам ви прилега. Треба, пред се, да ви биде комотно и пријатно. Она што го носите да ви влева самодоверба.
Матурската вечер е за вас а не за тоа што носите на себе. Не дозволувајте таа вечер облеката да ве носи вас.
И уште една мисла од г-н Лагерфилд: Едноставноста е толку моќна што ве освојува без остаток.
stereotipВо морето шљокици, панделки и тони шминка (и гел за коса кај машките) единствено нешто што ќе ве издвои е минимализмот. Што би рекле: не претерувајте.
Најубавото нешто на вас е вашата младост. Носете ја гордо.


П.С. Матурски фустани, матурска шминка, матурска надградба на нокти, коса, трепки и уште некој дел на телото (не сум во тек што се` се надоградува во последно време), матурски солариум ( во случај место од училишна клупа да доаѓате дирекно од на Малдиви), матурска депилација, масажа, ароматерапија……….За сите оние што ве бомбардираат со вакви понуди имам предизвик. Да отидам јас со моиве 30 и кусур лета па да ме направат матурантка. Муабетот ми е, веќе имате се` што ви е потребно и се` што имате е преубаво, никаква надградба, доградба и дивоградба не може да ве направи поубави.

{loadposition content9}