Владата и „ТАВ“ ќе потпишат договор за издавање под концесија на македонските аеродроми
Владата на Република Македонија денеска ќе потпише договор со турската компанија „ТАВ“ за давање под концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на карго аеродром во Штип.
aerodrom Ohrid

„ТАВ“ беше единствената компанија што се пријави на владиниот тендер за давање под концесија на македонскиот аеродромски систем.
Во наредните 20 години, колку што треба да стопанисува со аеродромите во земјава, „ТАВ“, како концесионер, е обврзана комплетно да ги реновира скопскиот и охридскиот аеродром и да изгради карго аеродром во Штип како алтернативен за потребите на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне во главен македонски аеродром.
Според барањата од тендерот, турските инвеститори треба да ја подобрат комплетната инфраструктура, да изградат нови терминални згради, карго терминали, да ги прошират полетно-слетните патеки…
„ТАВ“ оперира со три аеродроми во Турција, вклучувајќи го и најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“, со три во Тунис и уште со два во Грузија. Во тек е изградба и на аеродроми во Катар и Каиро.