Skip to main content

Македонците наскоро без визи во Бразил

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е во работна посета на Бразил, соопшти денеска МНР во Скопје.

 |   | 
Rio
Рио де Женеиро

RioМакедонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е во работна посета на Бразил, соопшти денеска МНР во Скопје.

На оваа прва билатерална посета на министер за надворешни работи од Република Македонија,Милошоски ќе оствари средба со својот бразилски колега Антонио де Агујар Патриота.

Се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави како и за можностите за интензивирање на соработката во повеќе области, како економија,образованието, културата и туризмот.

За време на средбата со министерот Патриота ќе биде потпишана и Спогодбатамеѓу двете влади за изземање на визните барања со што ќе се овозможи непречено, безвизно патување меѓу двете држави.

{loadposition content9}