Skip to main content

Се работи за вистината

Од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, веднаш со реакција.

 |  Крсте Голабовски  | 
opshtina
општина

Од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, веднаш со реакција.

Оттаму велат дека „Не се работи за  неосновано критикување на централната власт  на ВМРО- ДПМНЕ, ниту малодушно кукање пред амбасадорите. Се работи за вистината“.

opshtina„Презентирањето на реалните состојби  во односите меѓу Локалната самоуправа  и централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ ,не  е кукање туку кажување на вистината“,  велат од кабинетот на Охридскиот Градоначалник. Потенцираат дека Градоначалникот Александар Петрески го информирал евроамбасадорот Соренсен, за сериозниот и постојан притисок од централната власт, кочењето на процесот на децентрализација и опструирањето на повеќе важни развојни проекти.

„Вистината им се кажува на пријателите, на луѓето кои ви веруваат и само така се создава меѓусебна доверба.“, стои во реакцијата од кабинетот на Охридскиот градоначалник.

За жал со неоснованите напади  на координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ Дејан Паноски врз градоначалникот Петрески се покажува дека , наместо да се почитува максимата –„ пред вистината и боговите молчат“ , некој бара вистината  да се сокрива и да се создава впечаток на идеално владеење на централната власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 {loadposition content9}