Законот за јавна чистота ги збуни стружани
Граѓаните можат да спремаат зимници и да не бидат казнети, само доколу тоа го прават во дворот на сопствениот дом.
korpa za smet
Граѓаните можат да спремаат зимници и да не бидат казнети, само доколу тоа го прават во дворот на сопствениот дом.
Ако се почитува тоа, тогаш „Законот за јавна чистота“ не предвидува парична глоба, која ги обврзува граѓаните да ја платат. Ако се спремаат зимници на јавна површина тогаш важи спротивното. Оваа забуна се јави стружани откако стапи на сила, „Законот за јавна чистота“. Граѓаните се трудат да научат за што ќе бидат казнети а за што не.
„За почитување на законот не се доволно информирани инспекциските служби а камо ли граѓаните“, вели комуналниот инспектор при општина Струга.
„Овие законски одредби постоеа но дополнувањата се донесоа за кратко време и факт е дека има недостатоци“, вели инспекторот Агни Даути. „Јавната чистота би се зголемила само доколку ефикасно работат судските органи“, додава Даути.
Лицата кои управуваат со јавен објект се должни да ја одржуваат во него и неговата дворна површина, како и да обезбедат садови за фрлање на отпадоци, инсталациите во санитарните јазлида бидат исправни и чисти како и да се одебзеди тоалетна хартија и машина са сушење раце. За прекршок на овој закон н аправното лице ќе му се изрече казна во износ од 2 илјади до 3илјади евра. Ова е само дел од законските обврски на правните лица. За да се почитуваат и останатите, комуналните инспектори најавуваат строги контроли.
Доколку надлежните не превземаат мерки за да ја зголемат јавната чистота, во законот се предвидува и ним да им се изрече соодветна парична казна.