„Златен јубилеј“ во чекање асфалт
Жално е во 21-от век, на само пет минути од центарот на Струга, да се живее во вакви услови коисе под сите стандарди, велат жителите од улицата „Маршал Тито“ кои се обратија до нашиот медиум за помош. Во дописот кој тие го доставија до нашиот медиум, стои дека станува збор за улица која веќе педесет години е неасфалтирана, лошо проодна и извор на постојани проблеми за сите жители.
Не мал е бројот на жителите кои живеат на овој потег. Имено, станува збор за над седумдесет семејства кои секојдневно се среќаваат со овој проблем. „Сите партии предизборно ветуваат санирање на улицата, но штом поминат изборите секогаш исто немаат слух за нашите проблеми. Во последниве 20 години остварени се повеќе од десет средби со поранешните градоначалници како и со сегашниот, но резултатот секогаш бил ист. Од Локалната од Струга со лаконско објаснување. Доколку улицата е дел од Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, истата ќе биде асфалтирана.
Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, не сакаше подетално да информира за тоа која ќе биде судбината на оваа улица и кога истата кончено ќе биде асфалтирана. Гулицоски ни го посочи општинскиот веб портал на кој сме можеле да ја погледнеме Предлог-Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2011 година, за општина Струга, донесена уште минатата година.
Но за нас претставуваше вистински предизвик да се најде споменатата програма на струшкиот општински портал на кој пак и да го најдете бараниот документ, а не сте вработени во одделението за комунален развој и нема многу да разберете. Ставот на Градоначалникот Рамиз Мерко останува ист. Струга не ја сочинуваат само две улици. Мерко додава дека според Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2011 година за асфалтирање на локалните патишта предвидени се средства од буџетот на општина Струга во висина од 30 милиони денари и 4 милиони денари за санирање на дупки. Жителите на улицата „Маршал Тито“ дури минатата година дочекаа да бидат приклучени на канализационата мрежа. Кој знае, можеби овие избори ќе бидат оние, за нив долгочекуваните. Доколку тоа не се случи, тие се подготвени ако треба и преку изразување граѓанска непослушност да ги натераат надлежните да го решат овој нивен долгогодишен комунален проблем.
{loadposition content9}