Skip to main content

Пријавување на изгубени документи и по електронски пат

Mакедонските граѓани изгубените документи ќе може да ги објавуваат по електронски пат на интернет страната на Службен весник.

 |   | 
dokumenti
документи
Mакедонските граѓани изгубените документи ќе може да ги објавуваат по електронски пат на интернет страната на Службен весник. www.slvesnik.com.mk. Ваквата услуга на сајтот на Службен весник ќе се наплаќа преку платежни картички, кои имаат поддршка во земјата.

Сите оние кои немаат можност по електронски пат да го надминат проблемот со објавата на неважечкиот документ,  тоа ќе можат да го сторат во било која подрачна единица на МВР, каде што на шалтерите ќе можат да подигнат веќе подготвени уплатници, соодветни на документот што треба да го објават и да ја уплатат цената во било која банка.

Само во минатата 2010. година во службеното гласило Службен весник на РМ биле објавени 30.364 огласи по основ за објава за неважечки документи.

{loadposition content9}