Skip to main content

Мажите не мислат само на секс !

Овој длабоко вкоренет мит конечно е разоткриен.

 |  Маја Савиќ  | 
maz spie
маж спие


na sto mislat maziteОвој длабоко вкоренет мит конечно е разоткриен.

Многу време се зборува дека патот до срцето на мажот е преку неговиот стомак.

И навистина излезе дека е точно.

Мажите поминуваат повеќе време мислејќи на храна – и спиење – отколку на секс, покажува нова студија. Мажите размислуваат за тие три работи многу почесто отколку што жените го прават тоа.

Истражувањето открило дека, спротивно на општото мислење, мажите не мислат на секс секои седум секунди.

Студијата била спроведена од професор Тери Фишер, психолог на универзитетот во Охајо.

„Стереотип е дека мажите постојано мислат на секс, а жените ретко. Сè зависи од човек до човек. Имаше испитаници кои рекоа дека на секс помислуваат еднаш на ден, а имаше и еден кој на секс мисли 288 пати дневно, што во просек е на секои 158 секунди“ – додава Фишер.

mazite mislat na hranaПросечен маж на секс помислува барем еднаш на секој час, а жените малку помалку од секои два часа. Но, на мажите подеднакво низ главата им се вртат и храната и спиењето.

„Посилниот пол е свесен за својата физичка состојба во било кој момент, додека на жените мислите им се преокупирани со тоа што другите мислат за нив“ – заклучува Фишер.



{loadposition content9}