Skip to main content

Реформите во здравството траат предолго

Аномалиите во Здравството тема на пресс конференцијата на ЛДП.

 |  Татјана Маленкова  | 

Кандидатот за пратеник од редовитете на оваа партија за петтата изборна единица, Десанка Матова зборуваше за проблемите во здравството во име како што рече на „немите интелектуалци“.

„Процесот на реформите на здравството трае премногу долго, хаотично и без видлив континуитет што се рефлектира негативно и на пациентите и на вработените во здравството“, истакна кандидатот за пратеник од петтата изборна единица, од редовите на ЛДП, Десанка Матова.

Таа додаде дека перманентната политизација на здравстваото доведе до губење на квалитетот на здрватствените работници во приватно здрвство и надвор од земјата но и уништување на јавното здрватство.

Матова посебно потенцираше дека здрватвото е горлива тема и во земјите многу побогати од нашата, но како што кажа на сите треба да ни биде јасно дека не смееме да дозволиме да се дехуманизираме во борба за денар повеќе.

Кандидатот за пратеник од ЛДП додаде дека оваа партија ќе се залага за деполитизација или намалување на политичкото влијание во здравтсвото затоа што здраво население ги намалува трошоците во здравството и во другите сектори на општествено живеење. Инаку покрај Матова, кандидати за пратеници од ЛДП од петтата изборна единица се и магистер Дејан Блажески и професор Лидија Јевтовиќ.


{loadposition content9}