Skip to main content

СДСМ: Дали во реализираните 98% го има и Охрид?

ОИШ на СДСМ реагира на изнесените ставови на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски, во врска со постигнатите успеси во изминативе пет години на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Татјана Маленкова  | 

„Тој нагласи дека 98 % од планираните цели во преродбата партјата ги реализирала, па затоа јавно прашуваме дали во тие 98 % од реализацијата влегуваат и оние што се постигнати во Охрид?“, запраша кандидатот за пратеник од СДСМ за петтата изборна единица Митре Велјаноски. Велјаноски прашува и дали во остварените резултати е и затворањето на специјалната детска болница единствена од ваков вид во Р Македонија и ветувањето дека на тоа место ќе изградат елитен хотел од висока категорија.

Велјаноски на пресс конференцијата уште запраша дали во тие успеси се споменати и опфатени ветувањата од министерот за финансии дека ЕМО за кратко време ќе биде санирано, но се наврати и на изјава на министрот за одбрана Зоран Коњаноски дадена пред неколку денови дека Турска компанија е заинтересирана за купување на ЕМО. Добро е да се ветува, но што е со вработените од оваа охридска фирма кои  заостанатите неколкугодишни плати си ги бараат по судски пат.
Кандидатот за пратеник од СДСМ запраша дали ВМРО ДПМНЕ за успех ја смета и социјлната политика и изградбата на социјални станови. Затоа јавно праша дали е вистина дека високи партиски кадри и директори добиле социјани станови?
„Николоски се пофали и дека во иднина ќе инвестираат и во нови амбуланти во руралниете средини. Ние имаме матријални докази кои го покажуваат спротивното“, истакна кандидат за пратеник од СДСМ, Митре Велјаноски.

Велјаноски на крајот од пресс конференцијата запраша и дали во 98 % од перодбата на ВМРО ДПМНЕ се и фискултурните сали во ЕМУЦ, Ванчо Питошески и во Радојца Новиќиќ, за кои министерот за образование ставаше камен темелник, и од кои до денес нема ништо.
За тоа до каде може да оди ВМРО ДПМНЕ доказ е денешната посета на министрот за надворешни работи Антонио Милошески на ФТУ, за чија посета студентите биле уценувани од неколку професори дека доколку не присуствуваат на предавањето на министерот нема да добијат потписи. Велјаноски тврдеше дека доколку има потреба студентите јавно ќе го потврдат ова и пред новинарите.

„Ветувањата на ВМРО ДПМНЕ можат да се видат само со портокалови очила, а охриѓани од тоа нема да видат ништо“, додаде кандидатот за пратеник од СДСМ Митре Велјаноски.


{loadposition content9}