Skip to main content

Најџел Kенеди на „Охридско лето“

По минатогодишниот педофилски скандал со диригентот Михаел Плетњов, годинава на “Охридско лето” доаѓа ексцентричниот виолинист Најџел Кенеди.

 |   | 

Британецот воопшто не изгледа како најпродаван класичен виолинист на сите времиња.

Најџел има панкерска фризура, се облекува невообичаено за класични концерти, и јавно признава дека е уживател на марихуана за да ја поттикне креативноста! Овој светски виртуоз на виолина е и одличен џез-музичар, па со својот Најџел Кенеди бенд” го обиколува целиот свет и приредува концерти кои прераснуваат во вистинско шоу и спектакл.

“Токму затоа неговиот настап на фестивалот Охридско лето” ќе биде со комбинирана програма од класична и џез-музика. Во првиот дел уметникот ќе свири соло дела на Бах, а во вториот ќе ни приреди извонредни аранжмани на еден од најпознатите американски џез-музичари, Фатс Волер. Најџел Кенеди ќе настапи со Џарек Смиетана (гитара) и Томас Купиец (контрабас)”, велат од Охридско лето”.