Skip to main content

Барем некој го доби спорот за името

„Зелената вила“, пијалокот со психоделична моќ ја доби битката за името и ќе се продава како апсинт.

 |  Маја Савиќ  | 
absinthe
абсинт

absintheСо одлука на француските власти која беше поздравена како „крај на лицемерието,“ апсинтот конечно го доби правото да се продава под етикетата – апсинт.

Француските производители на силниот алкохол со психоделични својства познат и како „Зелената вила“ добија дозвола истиот да го продаваат како апсинт, пијачка која во Франција беше забранета речиси еден век.

По неколкуте истражувања кои докажаа дека апсинтот не е поопасен од некои други пијалаци кои легално можат да се купат во земјата, Франција во 1988-та ја крена забраната, но под услов да не се продава под етикетата – апсинт.

absinthe omilen na umetniciteПијалакот кој е познат како омилен на Винсент Ван Гог, Ернест Хемингвеј, Оскар Вајлд, Анри Тулуз Лотрек и многу други, во САД беше легализиран пред 4 години.

На светскиот пазар за апсинт, чија психоделична моќ се крие во состојки кои се добиваат од растението тујон, доминираат француските производители.


{loadposition content9}