Внимателно со антиперспирантите
Денес постојат многу препарати кои го регулираат потењето и непријатниот мирис. Дезодорансите се употребуваат за прикривање на непријатниот мирис, додека пак антиперспирантите го спречуваат потењето.
Сепак, треба многу да се внимава со нивната употреба, особено на антиперспирантите кои го запираат потењето кое е нормален процес на организмот.
После бричење или депилирање на пазувите, никако не смее да се употребуваат овие преперати затоа што од бричењето или депилирањето на кожата има ранички кои се невидливи со голо око, па препаратите против потење навлегуваат во внатрешноста на кожата. Потта сака да излезе на површината на кожата, а овие преперати ја спречуваат, па ја задржуваат поткожно.
Така настануваат грутки под пазувите кои понекогаш се болни и знаат да направат страшни последици.
Затоа, после туширање доволно е да се нанесе детска пудра во прав под пазувите или лосион за тело кој ќе го хидрира местото кое ние постојано се обидуваме да го исушиме, па затоа понекогаш има појава на јако чешање и покрај тоа што сме се туширале.
После неколку часа од бричењето, можете да нанесете средство против потење, но како што ја вадите шминката навечер, така треба да ги измиете и пазувите со млака вода и сапун, и да ги хидратизирате со крема. Постојаното трупање на антиперспиранти без претходно да се исчисти местото е катастрофална грешка.
Под пазувите има многу лимфни јазли кои никако не треба да ги иритирате!
{loadposition content9}