Skip to main content

Пронајдена голема количина дрога во Враништа

114 опаковки со темнокафеава опојна дрога се пронајдени во атарот на Струшкото село Враништа. Според анализите, се работи за опојна дрога Хашиш која е пронајдена при вршење на ископ со работна машина  во близина на Ложанскиот мост по течението на реката Црни Дрим.

 |  Мишел Наумоски  | 
droga
дрога

„Веднаш после добивањето на оваа информација од страна на полициските службеници од СВР-Охрид и полициската станица од Струга излезено е на лице место, извршено е фотодокументирање на пронајдената опојна дрога како и нејзино одземање. Веднаш непосредно потоа дрогата е испратена на вештачење во МВР. Според сознанијата на црниот нарко-пазар оваа количина на опојна дрога значи околу 114 килограми би изнесувала од 120.000 до 150.000 евра.“-рече Стефан Димоски-Портпарол на СВР-Охрид

Од СВР-Охрид велат дека ги преземаат сите оперативни мерки за целосно расветлување на овој настан по што ке биде поднесена соодветна кривична пријава.

{loadposition content9}