Skip to main content

Џејмс Бонд ќе крка лесковачка скара

Во Лондон беше претставена новата книга за авантурите на најпознатиот британски таен агент Џејмс Бонд, наречена “Carte Blanche”.

 |  Маја Савиќ  | 
Craig David

Во Лондон беше претставена новата книга за авантурите на најпознатиот британски таен агент Џејмс Бонд, наречена “Carte Blanche”.

Авторот на книгата Џефри Дивер, овој пат дејствието го смести во Србија, а Бонд не само што престојува во оваа земја, туку и говори српски, јаде традиционална српска храна и соработува со српската тајна служба.

Дејството на новото продолжение започнува со враќањето на Бонд од Афганистан.

Во неколку глави се опишува неговиот престој во Србија, патувањето од Белград до Нови Сад (со акцент дека “Застава е најчестиот автомобил во Србија”), а својот таен состанок Бонд го одржува токму во ресторанот “Роштиљ”.

Интересно е дека во книгата, според известувањето на српскиот весник “Блиц”, се спомнува дури и воената единица на Жељко Ражњатович Аркан – “Тигрите”.

{loadposition content9}