Мохито од јагоди
Кога ќе ви здодее обичното мохито, еве што да направите. За љубителите на јагоди, ова е пијалакот од соништата…
мохито со јагоди
Кога ќе ви здодее обичното мохито, еве што да направите. За љубителите на јагоди, ова е пијалакот од соништата…
Потребно (за едно мохито):
* 5 јагоди
* 1 рака нане
* 80 мл шербет
* 60 мл рум
* сок од половина лимон
* минерална вода
* кришки зелен лимон и јагоди за декорација
Подготовка: Во голема чаша ставете ги јагодите, нането и неколку коцки мраз. Со тап кујнски предмет исчукајте ги состојките. Потоа, додадете ги румот, шербетот и лимоновиот сок. Течноста претурете ја во чаша и дополнете ја со минерална вода. Декорирајте со засечени парчиња јагоди.
На здравје!
{loadposition content9}