Јованоски Јован – Државен Првак за 2011 во дисциплината ридско искачување
Напорен велосипедски викенд во Скопје, но во секој случај успешен за охридѓани. На два велосипедски натпревари, две златни медаљи за Екодром. Велосипедистот на „Екодром“, Јованоски Јован стана Државен Првак за 2011 во дисциплината ридско искачување. Ден подоцна Јован освои уште едно златен медал, овојпат на редовниот натпревар за бодовната ранг листа на Велосипедската Федерација на Македонија во планински велосипедизам.
„ Немав некои големи очекувања, но во секој случај се чувствувам одллично, истака Јован.
Ридското Државно првенство беше во организација на Велосипедската Федерација на Македонија, а се возеше на патеката ВОДНО во должина од 12 км до Милениумскиот Крст. Стартот на трката започнал од паркингот наспроти зградата Нова Македонија па се до врвот на Водно во времетрање од скоро еден час.
„ И покрај напорите што ги правеше Јован на тренинзите во искачување во велестово, Горно Конско и Елшени тоа се кратки стази во однос на севкупните 12 километри неочекувано се избори за првото место. познавајќи ја неговата конкуренција неговите колеги имаа проблеми едниот физички другиот технички Јован остана со полна сила сам да се искачува преме врвот на Водно“, истакна Александар Јованоски, претседател на ВК Екодром.
Јованоски освои злато и на редовениот натпревар за бодовната ранг листа на ВФМ во планински велосипедизам на патеката Гази Баба во организација на ВК Енерџи од Скопје. Овојпат ВК Екодром на стартната рамнина се појави со осумина свои велосипедисти во три различни категории. Калливата и лизгава подлога го направила натпреварот возбудлив и интересен со многу паѓања во калта. На пиедесталот во класата на кадети повторно триумфираше тројката од Охрид со освоено злато за Јован Јованоски, сребро за Левент Рифат и бронза за Андреј Хаџи Васолев од Екодром. Бодови уште освоија Петар Упевчески на четвртото и Новица Велјаноски на петото место. Во класата на сениори од Екодром Аднан Ојдоски заврши како деветти, а Коста Митрески поради пробушена гума мораше да се откаже од натпреварувањето. Во хоби класата најмладите натпреварувачи, Александар Колески со своите 12 години и Јаков Јованоски на десет годишна возраст освоија солидни резултати.
{loadposition content9}