Институт за хумор за поефикасни работници
Стручњаците во Германија веруваат дека духовитоста на работното место може да ја зголеми ефикасноста на вработените, па за таа цел во Лајпциг делува и првиот Институт за хумор.
Стручњаците во Германија веруваат дека духовитоста на работното место може да ја зголеми ефикасноста на вработените, па за таа цел во Лајпциг делува и првиот Институт за хумор.
Во Институт за хумор кој е основан 2005 година, се повеќе компании ги праќаат своите вработени на тренинг под наслов „хуморот како ресурс во работното секојдневие“, со надеж дека со тоа ќе ја подобрат нивната продуктивност.
Стручњаците веруваат дека хуморот, меѓу другото, може да помогне во решавањето на конфликтните ситуации на работното место и да ја подобри атмосферата во компанијата, што на крај резултира со поефикасно работење.
За двонеделниот семинар посетителит плаќаат 400 евра и за тоа добиваат совети кои ќе им помогнат да станат насмеани лекари, духовити педагози или опуштени шефови, но и колку хумор е „здраво“ на работното место, каде тој е примерен, а каде неумесен.
Пораката која ја добиваат од семинарот гласи – во секоја ситуација обидете се да останете опуштени, на проблемите во работното секојдневие реагирајте со шега или со прикладна иронија.
{loadposition content9}