Skip to main content

Ограден паркингот на „Пупе Компани“

Со еластичната ограда која денес отпочнаа да ја поставуваат екипите на ЈП „Македонија пат“, се затвара паркингот на две охридски фирми „Пупе Компани“ и „Пост транс“. Сопствениците револтирани, вината ја префрлија на актуелната политичка состојба.

 |  Билјана Николоска  | 
bankina
банкина

Затворен паркингот на „Пупе Компани“. Дел од автобусите и комбињата останаа внатре. Сопственикот на превозната компанија Јован Мирчески револтиран поради поставувањето на еластичната ограда од страна на ЈП „Македонија Пат“. Мирчески рече дека неможе без никакво известување ниту усмено, ниту писмено од страна на надлежните на ЈП „Македонија пат“, да се оградува паркингот без притоа да се води сметка од каде ќе излезат возилата кои се на паркирани. Тој за надминување на проблемот даде рок до 5 ти јуни.

parking„Јас лично мислам дека ова е политички атак. Неможе никој да ми каже дека тоа е поради безбедноста, бидејќи и ние сакаме безбеден пат но тоа треба да се почне од Подмоље па се до излезот на Оровник. Овде очигледно политиката има вмешано прсти и претставува чист притисок од власта“, изјави Мирчески.

Лазе Ставрески одговорниот на ЈП „Македонија пат“, Охрид, рече дека настанот во ниту еден контекс неможе да се поврзе со актуелната политичка состојба. Сите обвинувања според него се неосновани, бидејќи тука се постапувало согласно решението од републички инспектор за патишта и таа обврска ја имал Секторот за заштита на патиштата на ЈП „Македонија пат“, Битола. од страна на републичкиот инспектор било констатирано дека се работи за приклучок на див објект на магистрала. Ставрески рече дека тие за овој случај требало да имаат согласност за сообраќаен приклучок, во спротивно поставувањето еластична ограда е сосема регуларно од безбедносен аспект.

{loadposition content9}